🎥Вучиќ: Студентите кои сакаат да учат се нашите херои

од Nikola Popovski
309 прегледи

Српскиот претседател, Александар Вучиќ синоќа изјави дека студентите кои сакаат да учат се нивни херои и дека негова најголема желба е еден ден, обединети со, како што ги нарекува, „студентите кои блокираат“, да ја направат Србија подобра отколку што претходно успеале.

„Жал ми е за децата кои се мокри и кои смрзнуваат само за да добијат право да учат и да полагаат, а мојата желба, мојата најголема желба е еден ден, обединети со блокирачите, да ја направиме оваа наша Србија многу подобра отколку што сме успеале. Србија ќе победи!“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Додал дека студентите кои сакаат да учат покажале „неверојатна храброст и љубов кон својата татковина, а виновни се, веројатно затоа што само сакаат да учат“.

По Нови Сад, Крагуевац и Ниш, на 15 март е закажан протест и во Белград, а студентите и граѓаните веќе тргнаа пеш од неколку градови кон главниот град.

Првото барање на студентите е објавување на целата документација за реконструкција на главната железничка станица во Нови Сад за да се утврди кривична и политичка одговорност за трагедијата.

Студентите преку блокади и протести бараат и кривично гонење на напаѓачите на учесниците на претходните протести, како и прекинување на постапките против уапсените за време на демонстрациите.

Владата тврди дека ги исполнила сите барања на студентите, а експертската група формирана од Сенатот на Универзитетот во Белград преку извештај го демантираше тоа.

Слични содржини