Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп вчера ја отвори првата седница на Комитетот за мир, со пораката дека она што го прават е многу едноставно – мир, кој, иако е лесен за кажување, тешко се постигнува. Набројувајќи ги конфликтите што ги решил во минатото, Трамп повторно ги спомена Косово и Србија и им порача на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат него.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, а бидејќи само Косово се приклучи на Комитетот за мир и дека косовската претседателка Вјоса Османи беше присутна на седницата, таа стана од своето место.
„Ви благодарам многу. Го цениме она што го направивте. Продолжете по тој пат, а кога не можете да одите понатаму, јавете се и ние ќе го решиме“, рече Трамп, на што Османи покажа со карактеристичен гест на раката: „Ќе ве повикаме“.
Претходно, Трамп, поздравувајќи ги учесниците, го поздрави и Османи.
„Претседателе на Косово Османи, одлично ја вршите работата. Ви благодарам многу“, рече Трамп.