📽 Маж на аеродромот во САД го отворил излезот за итни случаи во авионот и се качил на крилото

од Stefanija Kuzmanovska
285 прегледи

Маж на летот на Southwest Airlines ја отворил вратата за итни случаи и се качил на крилото на авионот во неделата додека авионот бил на аеродромот Луис Армстронг во Њу Орлеанс.

Според полицијата, 38-годишниот маж ја отворил вратата за итен излез за да стигне до крилото на авионот. Авионот во тој момент бил во мирување, а персоналот успеал да го запре дотичниот патник и да го задржи додека да пристигнат надлежните власти.

Зед Вебстер, кој тој ден бил во авионот, за Си-Ен-Ен изјавил дека му се чинело дека двајца патници се расправале и дека се плашел дека ќе дојде до физичка пресметка. Потоа го извадил мобилниот телефон и почнал да го снима инцидентот. Веднаш штом почнал да снима, патникот ја отворил вратата за итни случаи и скокнал надвор.

„Бев преплашен“, рече Вебстер.

Полицијата соопшти дека 38-годишникот се однесувал прилично некохерентно. Тој бил однесен во болница на ментална евалуација бидејќи полицајците претпоставувале дека станува збор за проблем со менталното здравје.

„Нема индикации дека мажот оставил нешто во авионот, ниту пак е пронајдено оружје кај него“, соопшти полицијата и додаде дека истрагата за инцидентот е во тек.

Слични содржини