📽 Шакира на настап го променила текстот на песна за да не го спомене Пике

од Stefanija Kuzmanovska
253 прегледи

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике одлучија да се разделат минатата година, по 12 години врска во кои ги добија синовите Милан и Саша.

Со текот на времето, се дозна дека главната причина за оваа одлука е неверството на Пике, а пејачката потоа се пресели во САД со своите синови.

Шакира неодамна гостуваше на концертот на колумбискиот пејач Карлос Вивес, а по тој повод тие го изведоа својот дует „La Bicicleta“.

Пејачката при изведувањето на оваа песна го променила текстот за да не го спомене поранешниот.

Дел од текстот на оваа песна му оддава почит на паркот Тајрон лоциран во Санта Марта, родниот град на Вивес: „Ако еден ден му го покажеш на Пике Тајрон, тој нема да сака да се врати во Барселона…“

Сепак, Шакира на концертот отпеа: „Ако еден ден му го покажеш на момчето Тајрон, тој нема да сака да се врати во Барселона…“.

Слични содржини