📽 Трамп вели дека Путин се согласил на безбедносни гаранции

од desk2
21 прегледи

Белата куќа денеска ја доживеа, како што рече претседателот на САД, Доналд Трамп, најголемата чест, кога таму во обид за наоѓање разврска на ситуацијата со војната во Украина и заштитата на нејзината територија, се собраа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и врвот на ЕУ и НАТО – претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и Марк Руте, заедно со првите луѓе на Германија, Франција, Велика Британија, Италија….

Ова е првпат да се одржи самит од ваков формат. Нему му претходеше средбата во петокот меѓу Трамп и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Подготвени сме за трилатерална средба и Украина ќе направи сѐ што може за да пронајдеме дипломатски начин за завршување на војната, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски на средбата со Доналд Трамп во Белата куќа.

Мора да ја запреме оваа војна, да ја запреме Русија и потребна ни е поддршка, и американска и од европските партнери. Ние ќе направиме сѐ што можеме. Докажавме дека сме силен народ и ја поддржавме идејата на САД, на претседателот Трамп лично, да запре оваа војна и пронаоѓање дипломатски пат за нејзино завршување. Подготвени сме за трилатерална средба, како што рече претседателот, и мислам дека тоа е многу добар сигнал, рече зеленски.

Трамп од Белата куќа најави дека Путин е спремен да ги прифати безбедносните гаранции за Украина, но го отвори и прашањето за размена на територии, што е тема што Зеленски ја отфрла.

Украинскиот претседател повеќепати се заблагодари на Трамп и САД и порача дека сигурноста на Украина зависи од поддршката од САД и ангажманот на европските партнери.

Разговорите зад затворени врати во Белата куќа уште траат. Откако новинарите ја напуштија трпезаријата во Белата куќа, преговорите продолжија.

Пред новинарите првин зборуваше Трамп, а потоа и останатите челници.

„Европјаните“ зборуваа за безбедносните гаранции за Украина, со оглед на членот 5 од договорот за НАТО. Се чинеше дека се обидуваат да побараат појасна гаранција од САД, но Трамп не влегуваше во детали, иако претходно зборуваше дека САД ќе дадат „многу помош“, известуваат светските новински агенции.

Сите учесници на самитот беа полни со фалби за досегашните напори на Трамп да го почне мировниот процес за Украина.

Слични содржини