🎬Макрон од Давос: „Се движиме кон свет без правила“

„Конфликтот стана нормализиран“, заклучи Макрон, кој им се обрати на присутните во очила за сонце што ги носеше јавно во последните денови поради неговото видливо крваво десно око.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ World Economic Forum

Францускиот претседател Емануел Макрон им се обрати на учесниците на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека ова треба да биде време на мир, стабилност и предвидливост, што предизвика смеа во салата.

Тој рече дека е очигледно дека светот влегува во период на „нестабилност и нерамнотежа“, и безбедносна и економска, предупредувајќи на „поместување кон автократија“ и војни низ целиот свет.

„Конфликтот стана нормализиран“, заклучи Макрон, кој им се обрати на присутните во очила за сонце што ги носеше јавно во последните денови поради неговото видливо крваво десно око.

Во својот говор во Давос, Макрон предупреди дека светот влегува во период на длабока нестабилност и дека постои закана од „поместување кон свет без правила“, во кој меѓународното право сè повеќе се „гази“ и преовладува правото на посилниот. Тој оцени дека ова се „многу загрижувачки времиња“, директно предупредувајќи за агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Зборувајќи за трговските односи, Макрон рече дека конкуренцијата на Соединетите Американски Држави во склучувањето договори што „ги поткопуваат нашите извозни интереси, бараат максимални отстапки и отворено имаат за цел да ја ослабнат и потчинат Европа“, во комбинација со, како што рече, „бесконечното акумулирање на нови тарифи“, е „фундаментално неприфатливо“ за Европа.

„Ова е уште посериозно кога тарифите се користат како лост за притисок врз територијалниот суверенитет“, рече тој.

Тој додаде дека Европејците денес се „единствените кои не ги штитат своите компании и пазари кога другите земји не ги почитуваат еднаквите услови за конкуренција“, предупредувајќи дека европската конкурентност заостанува зад онаа на САД. „Мора да се соочиме со недостатокот на раст и хроничниот недостаток на инвестиции“, рече тој, нагласувајќи дека Европа мора да го промени својот пристап ако сака да остане релевантна и независна во сè понестабилниот глобален поредок.

Утрово, американскиот претседател Доналд Трамп јавно сподели порака што ја добил од Макрон, во која предложил состанок на Г7 на самитот во Давос во Швајцарија. Трамп, исто така, рече дека ќе воведе царина од 200 проценти на францускиот шампањ и вино ако е вистина дека Макрон не сака да се приклучи на неговиот „Комитет за мир“.

Извор близок до францускиот претседател утрово изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царина од 200 проценти на францускиот вински и шампањски, поради намерата на Франција да ја отфрли неговата покана за учество во таканаречениот „Комитет за мир“, се „неприфатливи“.

Слични содржини