📷 Тешка сообраќајка на Рузвелтова

од Марта Пешевска
442 прегледи

Утринава на булевар „Рузвелтова“ се случи тешка сообраќајна несреќа. Поради ова, сообраќајот во овој дел на градот беше целосно блокиран за одреден период, што предизвика значителни нарушувања на сообраќајот. На местото на несреќата интервенираше полицијата, која врши увид и го регулира сообраќајот.

Засега нема официјални информации за евентуални повредени лица или причините за несреќата.

Фото: Локално.мк

Слични содржини