📷 Том Круз со крвава кошула трчаше низ Лондон

од Симе Стоиков
220 прегледи

Том Круз беше облечен во кошула натопена со крв на снимањето на „Невозможна мисија“ во центарот на Лондон во неделата.

Холивудската ѕвезда (61) ќе ја повтори улогата на теренски агент Итан Хант во новиот дел од „Невозможна мисија“, кој треба да излезе следната година. Том Круз е снимен како трча покрај Парламентот во Вестминстер облечен во искината кошула, облеана во крв, црни панталони, патики- и неуредна коса, пренесува Мирор.

Вајтхол, Плоштадот на Парламентот и Вестминстерскиот мост беа претворени во боишта за снимањето на овој филм, додека Итан е бркан од немилосрдната војска и полиција низ култните локации во Лондон.Познатата саат кула Биг Бен биле оградени за време на снимањето.

На Том конечно му беше дозволено да работи на филм откако минатата година заврши штрајкот на SAG-AFTRA, дозволувајќи им на актерите да се вратат на работата што ја сакаат. Тоа беше најдолгиот штрајк во историјата на синдикатот, кој започна уште во јули.

Слични содржини