📷Најубавите близначки на светот сега се тинејџерки, погледнете како изгледаат

од Vladimir Zorba

Штом се породила, Џаки Клементс забележала дека нејзините близначки се прилично убави. Со својот шарм ги привлекуваа сите околу себе, а никогаш немаше фотографија на која изгледаат смешно. Поради нивните симетрични црти на лицето, големите сини очи и кадифената кожа, мајката многу брзо дошла на идеја да ги турне своите ќерки во светот на детските модели.

На нивниот седми роденден, 7 јули 2017 година, таа ги запишала во агенцијата. Освен танцување и пливање, Ава Мари и Леа Роуз Клементс добија уште едно хоби.

„Не бев изненадена што почнаа да скокаат од радост и едвај чекаа да почнат да се занимаваат со манекенство“, изјави тогаш гордата мама.

Девојките беа мотивирани и набрзо стигна првата деловна понуда. Сопственичката на детски бутик контактирала со Џаки и ја замолила да му достави неколку фотографии од нејзините ќерки. Бидејќи немала средства, мајката сама ги фотографирала близнаците со стара камера. Така нејзините ќерки го добија првото портфолио, како и профилот на Инстаграм.

Тоа беше чекорот што ги направи познати. Речиси преку ноќ добија 300.000 следбеници, што е бројка за која сонуваат многу инфлуенсери. Близнаците Клементс сега се 14-годишни тинејџери и имаат 2,1 милиони следбеници на Инстаграм, склучени договори со многу брендови за облека, а биле на насловни страници на неколку списанија.

Слични содржини