📸 Путин на едниот крај од салата, гостите на другиот: Објасни зошто дистанцата е неопходна

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин вчера стоеше доста далеку од новите странски амбасадори во Русија, сцена која потсетува на периодот на пандемијата на коронавирус. На церемонијата во Кремљ, рускиот претседател ги прифати акредитивните писма на повеќе од 20 странски амбасадори, вклучувајќи го и најновиот британски пратеник во Русија, Најџел Кејси.

Рускиот лидер одржа говор во кој рече дека се надева оти односите меѓу Лондон и Москва ќе се подобрат.

„Да се ​​надеваме дека ситуацијата ќе се промени на подобро во интерес на нашите две земји и народи“, рече тој.

На сликите се гледа како амбасадорите од другата страна на просторијата го слушаат рускиот лидер кој стоел зад говорницата.

Според пишувањата на медиумите, Путин им рекол на делегатите: „За жал, од санитарни причини повеќе не можеме да разговараме повеќе, да се дружиме. Се надевам дека ќе дојдат подобри времиња, не само во политиката, туку и во здравството и дека ќе го можеме тоа“.

„Скај њуз“ пишува дека Кејси нагласил дека приоритет на Британија е „да стави крај на човечкото страдање“ предизвикано од Путин во Украина.

Ова не е првпат Путин да биде толку оддалечен од своите гости

Растојанието меѓу рускиот лидер и амбасадорот потсетуваше на растојанието меѓу Путин и Емануел Макрон кога францускиот претседател отпатува за Москва минатиот февруари.

Двајцата лидери седеа на спротивните краеви на екстра долгата маса, а Макрон, наводно, го одбил руското барање да се подложи на тест за ковид-19 за да ја спречи Москва да ја добие неговата ДНК. Слично на тоа, германскиот канцелар Олаф Шолц, исто така, се најде на другиот крај од масата, откако одби да биде тестиран.

Слични содржини