Американската конгресменка Марџори Тејлор Грин, членка на Републиканската партија позната по поддршката на движењето на Трамп МАГА (Направи ја Америка повторно голема), нападна новинарка на британски Sky News за време на прес-конференција во Вашингтон, во врска со скандалот познат како „Сигналгејт“.
Инцидентот се случи вчера кога новинарката Марта Келнер се обиде да постави прашање поврзано со аферата во која високи американски функционери ја користеа апликацијата „Сигнал“ за да комуницираат за воените операции во Јемен.
Џефри Голдберг, главен уредник на магазинот „Атлантик“, по грешка бил додаден во таа група, што доведе до протекување на доверливи информации во јавноста.
Грин ja прекина Келнер на почетокот на прашањето и ja праша: „Од која земја сте?“ Кога новинарката одговорила дека е од Обединетото Кралство, Грин луто реагирала и упатила низа навреди кон неа.
„Не боли к*р за вашето мислење и вашето известување. Зошто не се вратите во вашата земја, каде што имате огромен проблем со мигрантите?“ праша бесно Грин, која беше на удар во последните денови поради нејзините тврдења дека американските медиуми „ги политизираат протекувањата.