📹Невиден скандал: Српската одбојка доживеа срам поради Вучиќ

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Спортските објекти во Србија со месеци се користат за политички пресметки. Тоа беше видливо и во салата Језеро во Крагуевац, каде во четвртокот вечерта се одигра првиот финален натпревар од одбојкарскиот шампионат.

Иако на сите во Србија им е јасно дека државната телевизија, односно РТС, работи во интерес на претседателот Александар Вучиќ, во четвртокот гледачите доживеаја нов срам.

Како тоа изгледа, беше совршено видливо за време на преносот од финалето на српското одбојкарско првенство меѓу Крагуевац и Војводина.

Имено, во преносот можеше да се слушне додека публиката скандираше „Пумпај, пумпај“, а набргу потоа беше прекинат преносот на натпреварот.

Гледачите пред ТВ екранот беа изненадени од ваквиот потег на РТС, но не е тешко да се погоди која е позадината, односно кој стои зад одлуката да се „избрише“ натпреварот од програмата.

Слични содржини