📽️Судир на демонстрантите и полицијата во Тел Авив: Илјадници бараат оставка од Нетанјаху

од Nikola Popovski

Синоќа дошло до судири меѓу израелската полиција и демонстрантите во Тел Авив откако илјадници луѓе се собрале да протестираат против владата и да побараат враќање на заложниците кои ги држи Хамас во Газа.

Некои демонстранти во Тел Авив носеле фотографии од женските војници кои се појавија на видео на почетокот на неделата, на кое се прикажани кратко откако беа киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, објави „Гардијан“.

Некои држеле транспаренти на кои пишувало: „Стоп за војната“ и „Помош“, се наведува. Тие побарале, пишува британскиот медиум, владата да постигне договор за ослободување на десетици заложници кои се уште се во заробеништво.

Демонстрантите побарале и оставка од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повикале на нови избори, пишува „Гардијан“.

„Сите го видовме видеото, не можевме да останеме дома откако владата ги напушти сите тие луѓе“, рекла Хилит Саги од групата „Жените протестираат за враќање на сите заложници“, пренесува „Гардијан“.

Седум лица се уапсени на протестот доцна во саботата, како што се наведува, а најмалку едно лице е повредено, објави израелскиот весник „Харец“. Протести се одржаа и на други места низ земјата, вклучувајќи го и пристаништето Хаифа, пишува весникот.

Слични содржини