Фудбалскиот свет синоќа беше шокиран од бруталниот напад на турскиот судија Умут Мелер по натпреварот од домашното првенство помеѓу Анкарагучу и Ризеспор.
Тој по натпреварот физички бил нападнат од претседателот на домашната екипа Фарук Коча и моментално се наоѓа во болница каде му била укажана помош.
Ankaragücü Başkanı Faruk Koca, Ankaragücü – Rizespor maçını hataları ile mahveden hakem halil umut meler'e maç sonu koşarak yumruk attı! pic.twitter.com/7ZZr56owMk
— Ankaragücü Lord (@AnkaragucuLord) December 11, 2023
Турските медиуми јавуваат дека поранешниот турски судија Али Кунак дошол да го посети во болница, а тврдат дека му дал шокантна порака.
„Тоа е се од мене, ова е крајот“, му рекол Мелер на Кунак и најавил дека по бруталниот напад ќе се повлече од фудбалското судење.
Пред болницата се и неговите колеги арбитри кои најавија дека кога Мелер ќе излезе ќе се сретнат и ќе направат план, и ќе ги претстават следните чекори во борбата против насилството.
🔥Meler’den ilk sözler: Benden bu kadar!
MHK eski genel sekreteri Ali Kunak, Ankaragücü Başkanı Faruk Koca’nın yumruklu saldırıda bulunduğu Halil Umut Meler ile hastanede yaptığı görüşmeyi anlattı. Kunak, Meler’in ‘Benden bu kadar, bu iş bitti’ diye… https://t.co/2dFuRoYa3Q
— TR TUBE (@TR__Tube) December 12, 2023
Поради овој настан претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, порача дека фудбалот е суспендиран.
„Спортот значи мир и братство. Спортот е неспоив со насилство. Никогаш нема да дозволиме насилство во турскиот спорт“, рече Ердоган.
Коча ќе биде приведен. Полицијата уапси уште две лица.
Исто така се огласи и Фудбалскиот сојуз на Турција.
„Судијата со помош на полицијата успеа да влезе во соблекувалната. Овој гаден напад не беше направен само против него. Денеска овој нехуман и одвратен напад беше извршен врз сите актери на турскиот фудбал. Најстрого ќе бидат казнети поврзаниот клуб, претседателот на клубот, функционерите на клубот и сите кои се виновни за нападот на судијата Умут Мелер. Согласно одлуката на Управниот одбор на Турската фудбалска федерација, натпреварите во сите лиги се одложени на неопределено време“, соопшти Фудбалската федерација на Турција.