📽 Изгледа тргнало да се запишува? Мече влегло во двор на средно училиште кај Костур

Мечето шетало полека низ дворот, а кога првпат здогледало луѓе, почнало да трча па избегало.

од desk2
39 прегледи Фотографија: Стоп-кадар од видеоснимка на грчката национална телевизија ЕРТ

Мече било снимено како движи во дворот на средно училиште во селото Несторио во грчкиот регион Касториа (Костур), најверојатно барајќи храна, известија грчките медиуми.

Мечето шетало полека низ дворот, а кога првпат здогледало луѓе, почнало да трча низ дворот во страв, а потоа избегало.

Некои луѓе на социјалните мрежи се шегуваат дека мечето „не знаело дека сега е распуст“, а некои велат и дека „тргнало да се запишува“.

Како и да е, ова не е изолиран инцидент во западниот, претежно планински дел на Грција, каде честопати се забележуваат мечки до населените места, а некогаш тие влегуваат и до живеалиштата, барајќи храна.