📽 Најмалку 11 загинати, а повеќе од 50 повредени во верижен судир во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени денеска во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.

Во верижниот судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северен Мармара во близина на населбата Дагдиби во провинцијата Сакарија, јави новинската агенција Анадолија.

Причината за несреќата се уште не е утврдена, наведува турската агенција. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла и дека видливоста е слаба, што е видливо и на видеата и фотографиите од местото на настанот.

Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, а седум се во тешка состојба.

„Според првите сознанија, најголем број смртни случаи во несреќата предизвикал третиот автобус кој удрил во патниците кои излегле од возилото. Полицијата е на лице место и истрагата е во тек“, изјави Карадениз, пренесува Хабертурк.

Слични содржини