📽 Патнички автобус се преврте во Турција, загинаа најмалку шест лица

од Stefanija Kuzmanovska

Во автобуска несреќа на северот на Турција загинаа најмалку шест лица, а повеќе од 30 се повредени.

Меѓуградскиот автобус, кој сообраќал меѓу Истанбул и Синоп, се превртел во петокот околу 5:50 часот на автопатот Кастамону-Таскопру, откако возачот најверојатно изгубил контрола поради снегот.

Турските медиуми јавуваат дека меѓу загинатите нема странски државјани.

На местото на несреќата пристигнал гувернерот на Кастамону, Мефтун Дали.

„Автобусот кој сообраќал од Истанбул кон квартот Синоп во Ајанџик излегол од контрола и се превртел. За жал, шест патници загинаа, имаме и 33 повредени, од кои тројца се во тешка состојба“, рече Дали.

Засега не е јасно што ја предизвикало сообраќајната несреќа, пишува „Хуриет“.

„На патот пред снежните врнежи се фрли сол, иако можеби се уште има места каде има малку сол. Можеби беше ледено. Тоа се уште не го знаеме“, додаде Дали.

Се огласи и министерот за полиција Али Јерлијака кој ги повика возачите да бидат внимателни.

Во јужната турска провинција Мерсин, да потсетиме, неодамна исто така се преврте патнички автобус, при што во таа прилика загинаа девет лица, а повеќе од 30 се повредени.

Слични содржини