241
Во пожарот кој денеска избувна во фабриката „МБ Наменска“ во Лучани, Србија, повредени се шест работници, од кои двајца со тешки повреди. На социјалните мрежи се појавија и првите снимки од фабриката по несреќата.
Пожарот избувнал утринава во погонот за производство на еднобазен барут.
Ова не е првпат да се случи несреќа во оваа фабрика, а во 2017 година загинаа двајца работници, пренесе „Нова.рс“.
Самата фабрика се огласи веднаш по несреќата и потврди дека инцидентот се случил, а пожарот настанал во производството на еднобазен барут при фазата на гмечење на самиот крај на процесот.