📽 Вака изгледала Вергара на 23 години: Видео покажува како таа се менувала со текот на годините

од Stefanija Kuzmanovska

Софија Вергара важи за една од најубавите актерки во светот, а видео споделено на Твитер покажува како изгледала на почетокот на кариерата, следејќи ја низ годините, па се до денес.

Родена во Колумбија, Вергара работела како модел пред да се пресели во САД и да стане почитувана ТВ водителка на Univision.

Таа почнала да глуми во филмови во 2000-тите, а години подоцна стана познато име благодарение на улогата на Глорија Делгадо-Причет во хит ситкомот „Modern Family“.

Иако студирала стоматологија, откако била откриена од фотограф на плажа, Вергара се испробала и како модел во реклама за Пепси.

Покрај успешната кариера, нејзината убавина секогаш се истакнувала во преден план, а како изгледала на самиот почеток на кариерата погледнете во видеото подолу.

Слични содржини