📽 ВО ЖИВО: Лидерот на Хезболах изјави дека операцијата на Хамас била „голем и свет чин“

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на либанското милитантно движење Хезболах, Хасан Насрала, денеска ѝ се обрати на јавноста и рече дека војната меѓу Израел и Хамас, која тој ја нарече „Ал Акса поплава“, се проширила на повеќе од еден фронт.

Лидерот на моќната шиитска организација поддржана од Иран денеска јавно проговори за првпат од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, во која Хезболах им помага на палестинските милитанти напаѓајќи ги израелските сили.

Хасан Насралах наведе дека ја објаснува позицијата и опкружувањето на Хезболах во Либан.

Тој ја изрази својата „благодарност до оние во Јемен и Ирак кои учествуваа во оваа битка“.

„Операцијата на Хамас беше одлична, голем и свет чин и 100 отсто палестински“, вели Насрала.

Лидерот на Хезболах го започна својот говор со оддавање почит на либанските и палестинските „маченици“ кои загинаа во конфликтот.

„Браќа и сестри мои, мир со вас. Денеска сме тука да се потсетиме на оние кои се примери на Хезболах“, истакна Хасан Насрала.

Тој рече дека некои паднати либански и палестински борци добиле медали и дека денеска се разговара за нивните семејства.

Неговото обраќање доаѓа откако Хезболах го започна она што се чини дека е најголем напад врз Израел досега. Таа милитантна организација вчера објави дека извршила 19 истовремени напади на позиции на израелската армија и за првпат употребила експлозивни дронови.

Насрала е водечки глас во регионалната воена алијанса основана од Иран за да им се спротивстави на САД и Израел.

Слични содржини