0 Берово, 2 Маврово, 3 Скопје, 4 Тетово, Куманово, Струмица, Битола, 5 Охрид..

од Vladimir Zorba
92 прегледи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

0 Берово, 2 Маврово, 3 Скопје Петровец, 4 Кр. Паланка, Тетово, Куманово, Струмица, Битола, 5 Охрид, Претор, Лазарополе, Д. Капија, Гевгелија, Дебар, 6 Прилеп, Виница, Штип, Скопје, 8 Крушево, 9 Пожаране, 10 Дојран, Ѓуриште, 11 Тополчани.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Утринава насекаде во земјава преовладува сончево време со слаб ветер од југоисточен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 19 до 25 степени.

Скопје Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 24 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, и ќе предизвика сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе имa услови за ретка појава на краткотраен дожд во четврток.