0 Берово, Лазарополе, 2 Маврово, 3 Крушево, 4 Струмица, 5 Ѓуриште, 6 Охрид…

од Vladimir Zorba
132 прегледи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

0 Берово, Лазарополе, 2 Маврово, 3 Крушево, 4 Струмица, 5 Ѓуриште, Пожаране, 6 Кр. Паланка, Охрид, Тополчани, Претор, Дојран, Гевгелија, Прилеп, Тетово, Дебар, 7 Скопје Петровец, Скопје, 8 Куманово, Виница, Битола, 10 Штип, Д. Капија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

1 Кр. Паланка, 2 Крушево, Битола, 4 Претор, Пожаране, 5 Охрид, 11 Маврово, 12 Лазарополе, 14 Дебар.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време, после полноќ имаше повремени врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со повремен локален дожд, на повисоките планини од снег. Особено повеќе врнежи се очекуваат во крајните западни и источни делови на земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, повеќе ќе биде застапен во западните делови на земјава, каде наместа се очекува да надминува над 60 км/час.

Највисоката температура денеска во земјава се очекува да достигне од 9 до 16 степени.

Скопје, Променливо облачно со повремен слаб до умерен дожд. Ќедува умерен повремено засилен ветер од јужен правец.  Највисоката температура ќе достигне до 14 степени.

 

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

До четврток нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови и ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за на нестабилна облачност проследена со појава на  грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Пообилни  врнежи се очекуваат в среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува над 50 л/м2.

Од среда ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

В четврток сеуште се можни слаби врнежи од дожд, но се очекува постепено стабилизирање и повторно затоплување на времето.