1 цигара може да предизвика генетски пореметувања само за 15 минути

од Vladimir Zorba
86 прегледи

cigara

Австралиски научници открија дека способноста на артериите да испумпуваат крвта кон различните делови на телото се намалува само еден час по усвојувањето на солена храна. Ова не е единствената лоша навика, кој веднаш влијае лошо на здравјето. Еве со која брзина некои пороци можат да го оштетат организмот.

Цигари: 3 секунди

Ефектот од вдишувањето на чад е многу брз, вели британскиот проф. Роберт Вест, специјалист за рак и пушење. Само за неколку секунди чад од цигари влегува во белите дробови и го проширува срцето да работи побрзо и го зголемува крвниот притисок.

Чадот предизвикува иритација и воспаление на дишните патишта. За 7 секунди никотинот достигнува до мозокот и тој почнува да го лачи хормон за доброто расположение допамин. Како што забележува проф. Вест, токму тоа води до долготрајна зависност од цигари.

Јаглеродниот моноксид е смртоносен гас без боја и мирис.Тој се содржи и во чадот кој го испуштаат автомобилите, но неговата концентрација во чад е над 600 пати поголема.

Нивото на јаглерод диоксид во крвта се зголемува и станува највисоко непосредно по испушена на цигараа, вели проф. Вест. Овој хемикалија го исфрла кислород од молекулите на црвените крвни клетки. Кислородните вредности се нормализираат дури по 6 часа.

Една цигара може да предизвика генетско пореметување само за 15 минути.

Aлкохол: 6 минути

Германски научници открија дека само по 6 мин. алкохолот почнува да му штети на мозокот. Тие набљудувале 15 мажи и жени, кои за време го истражувале мозокот со скенер и притоа испиле по 1 литар пиво или 3 чаши вино.

Утврдено било дека концентрацијата на супстанциите кои го чуваат мозокот се намалува паралелно со зголемувањето на алкохолните нивоа.

Додека последиците од умереното конзумирање на алкохол се реверзибилни, при алкохоличари се појавуваат трајни мозочни оштетувања, посочуваат научниците.

Шеќер: 2 минути

Кога јадете слатки, бактериите на забите се зголемуваат драматично. Тие го претвораат шеќерот во киселини, што го уништува емајлот, вели д-р Урсула Ејрнс од Британската диететска асоцијација. Ако јадете само слатко, средината во устата ќе се нормализира до 1 час поради неутрализирање на дејството на плунката, но ако конзумирате редовно слатка храна и пијалоци, оваа киселост ќе биде постојано висока и забите ќе се расипуваат.

Шеќерот го зголемува речиси инстант шеќерот во крвта, а ако нејзините вредности се постојано високи, има ризик од дијабетес тип 2. Нивото на шеќерот во крвта опаѓа повторно 1 час после јадење, но тогаш се појавува раздразливост, замор и глад. Според д-р Ејрнс, промените во нивото на шеќер ќе бидат помалку драматични, ако шеќерот се превзема со масти и протеини кои ја забавуваат брзината на нејзината апсорпција од организмот. Американските научници открија дека 20 лажички шеќер ја намалуваат за 40% способноста на белите крвни клетки да ги јадат бактериите.

Сол: 30 мин.

Истражување на американските научници покажа дека прекумерната потрошувачка на сол може да зацврсти артериите во рок од половина час и да ја наруши нивната способност да испумпуваат крвта по телото. Интересно е дека испитаните јадења содржеле само 4 г сол, што е значително помалку отколку вообичаеното количество во готовите јадења. Конзумирање на сол предизвикува задржување на речиси 2 литри течности во организмот, што го оптоварува срцето и кардиоваскуларниот систем.