10 работи што никој не ви ги кажа пред да станете родители

од desk2
225 прегледи

Нема родител кој не рекол дека има некои работи кои посакува некој да му ги кажел пред да има деца. Тоа важи и за мајките и за татковците.

Има многу работи за кои се прашувате дали се „нормални“, дали им се случуваат и на другите деца, и на другите родители.

Ова е листа на 10 работи што треба да ги знаете пред да станете родители. Само храбро, за секој стрес има (најмалку) една скапоцена насмевка што е повредна од сѐ друго.

  1. Веднаш почнете да се грижите за вашето здравје и не се ставајте себе си на последно место, за да не ви биде потешко подоцна.
    2. Претераното потење по породувањето е нешто што нема да ве заобиколи.
    3. Секое бебе е различно. Немојте да правите драми за секое храење, преоблекување, бањање.
    4. Не се плашете и срамите да побарате помош или да ја прифатите ако некој ви ја нуди, од домашни обврски до нега за бебето.
    5. Ќе има денови кога самиот факт дека детето ви е живо и здраво ќе ви биде доволен.
    6. Одмарајте се кога бебето спие. И вашиот сон и одмор се важни, како и вашето ментално здравје.
    7. Немојте да дозволите некој да ви кажува дека правите нешто погрешно во начинот на кој се грижите за вашето дете. Секое бебе е различно, а вашиот однос со него е уникатен. Верувајте им на своите инстинкти!
    8.Родителството воопшто не е лесно и никогаш нема да бидете доволно подготвени. Првите неколку недели ќе бидете психички исцрпени и подгответе се за тоа.
    9.Не го споредувајте вашето бебе со тоа што го праат другите бебиња на негова возраст.
    10. Животот со партнерот откако ќе се роди бебето е сосема поинаков. Некое време нема да заспивате, да се будите, да јадете заедно. Некогаш нема да имате време ни за разговор што не е поврзан со бебето. Но, време за прегратка и бакнеж секогаш (треба да) има.

Слични содржини