10 супер моќи на ЧАЈОТ ОД НАНЕ

од Vladimir Zorba
638 прегледи

Нането долго време се користи за ублажување на стомачни проблеми и како природен лек кој го опушта целото тело.

Покрај тоа што има пријатен мирис и вкус, нането има и сложен хемиски состав. Содржи витамини, минерали, киселини, бета-каротин, влакна, танини, флавоноиди. Исто така е одличен извор на бакар, манган и витамин Ц.

За благотворното дејство на организмот најзаслужни се флавоноидите, пелинот, ментолот и танините кои го поттикнуваат производството на жолчката, го забрзуваат варењето и го зголемуваат апетитот.

Нашите баби веруваа дека чајот од нане може да биде корисен при многу респираторни проблеми, но и при напнатост и несоница.

Респираторни проблеми

Чајот од нане може да помогне во смирување на воспалителниот процес на респираторните органи. Овој пијалок ги опушта мускулите на грлото и помага во ублажување на симптомите на настинка. Благодарение на ментолот, чајот од ова растение може да помогне во чистењето на дишните патишта.

Проблеми со синусите

Како босилек, нането често се користи како растение кое благотворно делува на чистење на синусите. Нашите баби го користеа како додаток на зовриената вода над која треба да се стои и да се вдишуваат миризливи испарувања.

Постојана кашлица

Наша традиција е да пиеме чај најчесто кога не се чувствуваме добро. Бидејќи има зачинета арома, чајот од нане често се користи за ублажување на кашлицата.

Мускулна болка

Чајот од нане позитивно влијае на циркулацијата, а се користи и за ублажување на болки во мускулите кои се јавуваат по поголем напор.

Смирува и опушта

Нането се смета за растение кое е ефикасно во елиминирање на напнатоста. Ако сте имале напорен ден и чувствувате непријатност во стомакот, испијте шолја топол чај од нане – ќе ги опушти стомачните мускули, па ќе бидете поопуштени.

Против несоница

Благотворното дејство на нането исто така може да биде корисно доколку имате проблеми со несоница. Пијте топол чај од ова растение во комбинација со малку маточина или лаванда и полесно ќе заспиете.

Го забрзува растот на косата

Ако сте загрижени за губење на косата, пробајте чај од нане. Нането е добар стимулатор на скалпот, кој го промовира растот на нова коса. Благодарение на неговата способност да ги прошири крвните садови и на тој начин да ја подобри циркулацијата, влијае на растот на здрава коса.Чајот од нане за коса можете да го нанесувате секој ден со тоа што ќе ја исплакнете косата со него.

Помага при слабеење

Луѓето обично сакаат да ослабат со што помалку труд и на лесен начин, без да се грижат за бројот на калории, вежбање и слично. Многу истражувања покажаа дека чајот од нане е добар за слабеење, односно дека помога во процесот на слабеење. Дури и ја зголемува желбата на телото да пие течности, што е одлична работа, особено кога станува збор за слабеење. Но, голтањето големи количини на чај и вода нема да ја постигне посакуваната цел. Чајот од нане не е магичен лек за слабеење, тој не може магично да ги избрише сите калории што сте ги внеле, па затоа најдобро би било да се придржувате до планот за вежбање и да направите мали промени во вашата исхрана.

Третира проблеми со дишењето

Чајот од нане има антисептично и антиспазмодично дејство кое помага во отстранување на слузта и ублажување на кашлицата, чистење на синусите, инфекции на грлото, настинки, грип, астма и бронхитис. На овој начин го одржувате вашиот респираторен систем чист и непречен. Значи, ако чајот од нане го наречеме чудесен еликсир, воопшто нема да претераме.

Ја контролира анксиозноста и стресот

Препишаните дози на топол чај од нане може да го намалат стресот и анксиозноста. Стресот е еден од најчестите проблеми што се јавува во денешно време и подеднакво лошо ги погодува и постарите и помладите луѓе.

Зафатен живот, притисок, конкуренција – има многу причини зошто луѓето се совладани од стресот. Билните чаеви се покажаа како најдобро решение во вакви ситуации. Ментолот од нане нè смирува, па секогаш кога ќе се чувствувате под стрес, испијте шолја топол чај од нане и повторно ќе се чувствувате добро!

Слични содржини