47
Екипите на ТППЕ Битола, како во текот на ноќта, така и утрово продолжуваат да работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола. Заедно со екипите на јавните претпријатија во моментот на терен се над 100 лица, за кои се обезбедени доволни количини на храна и вода. Паралелно се одржува комуникација со центарот за управување со кризи од каде е најавена поддршка од воздух во гаснењето на пожарот.
Двајца пожарникари се повредени, но се наоѓаат надвор од животна опасност. Формиран е и кризен штаб на општината кој доцна синоќа одржа координативен состанок.
Од ЦУК велат дека сите потребни ресурси за пожарникарите и преостанатите вклучени во борбата со огнената стихија ќе бидат обезбедени.