ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).
3 Претор, 5 Крушево, 13 Маврово, 16 Лазарополе.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-11 Маврово, -10 Крушево, Лазарополе, -7 Берово, Ѓуриште, -6 Пожаране, Претор, Охрид, Тополчани, Дебар, -5 Тетово, -4 Виница, Прилеп, Кр. Паланка, -3 Битола, -2 Куманово, Д. Капија, Штип, Струмица, -1 Скопје, 0 Дојран, 1 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.
1 Лазарополе.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Изутринава е променливо облачно, ветровито и студено. Во Маврово и Лазарополе има слаби врнежи од снег. Дува умерен до засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Умерено облачно со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени. Во Скопје, умерено облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
За време на Новогодишните празници времето ќе биде стабилно и суво со студени утра, а преку денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата, на повисоките места и на планините ќе се спуштат и до -15 степени, а дневните од недела ќе бидат во благ пораст .За Новогодишната ноќ ќе биде ведро и студено со температура во земјава од -14 до -6 степени.