МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-12 Берово, -10 Д. Капија, Скопје Петровец, -9 Куманово, Струмица, Битола, -8 Тетово, Штип, Прилеп, -7 Кр. Паланка, Маврово, Дебар, Скопје-З.Рид, Гевгелија, -5 Лазарополе, -4 Виница, Охрид, Претор, -3 Тополчани, -2 Ѓуриште, Пожаране, Крушево, -1 Дојран.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Во текот на ноќта и изутринава ведро и претежно тивко.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Сончево, во западните делови со мала до умерена локална облачност. Во источните делови ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Скопје
Сончево и тивко со температура до 4 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на поле на висок воздушен притисок ќе се задржи стабилно и суво време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а во средината на неделата поради спуштање на постудена воздушна маса и умерен ветер претежно од североистичен правец.