-12 Берово, -10 Скопје , -9 Струмица, Д. Капија, -8 Куманово, Штип, -7 Гевгелија, -6 Битола…

од Vladimir Zorba
155 прегледи

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

5 Лазарополе, 7 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-12 Берово, -10 Скопје Петровец, -9 Струмица, Д. Капија, -8 Куманово, Штип, -7 Скопје, Гевгелија, -6 Битола, Тетово, -5 Кр. Паланка, -4 Прилеп, Дојран, -2 Пожаране, Маврово, Ѓуриште, -1 Крушево, Лазарополе, 0 Тополчани, Охрид, Дебар, 1 Претор.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во источните делови од земјата е ведро и постудено, а во западните малку до умерено облачно. Дува слаб ветер од променлив правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните и северозападните делови ќе има локални врнежи од дожд во пониските,  дожд и снег на повисоките места и снег на планините.Максималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе биде променливо облачно  со локални врнежи од дожд и снег,  особено претпладне.

Од четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност  и на северно воздушно струење, што ќе предизвика  значителна промена на времето. Ќе биде многу студено со врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, која на планините ќе биде позначителна. Ќе дува  засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.

Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата . Најстудено преку денот се очекува да биде во сабота, кога максималната  температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени, додека минималната за викендот на места ќе се спушти до -20 степени.