
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-12 Берово, -9 Скопје Петровец, -8 Тетово, -7 Битола, Штип, Кр. Паланка, Дебар, Д. Капија, -6 Прилеп, Маврово, Скопје-З.Рид, Струмица, Куманово, -5 Виница, Крушево, Лазарополе, -4 Ѓуриште, Пожаране, Претор, Охрид, -3 Тополчани, Гевгелија, 2 Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Без врнежи.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Ведро со мала до умерена облачност. На места дува слаб до умерен северен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
СКОПЈЕ
Претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 6 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во следните два дена ќе биде претежно сончево. Зголемување на облачноста ќе има од недела, а температурата ќе биде во благ пораст. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер и опаѓање на температурата.