12 лица починаа од корона, дополнително регистрирани уште 7 во периодот октомври-ноември

од Nikola Popovski

Според Министерството за здравство, во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 4 починати лица од Скопје (46г,65г, 79г и 79г), 2 починати лица од Битола (83г и 84г) и по едно починато лице од Велес (73г), Кавадарци (72г), Кочани (67г), Делчево (70г), Крушево (69г) и Радовиш(76г). Од пријавените 10 лица се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 15.10.2021 до 20.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово (1), Гостивар (1), Велес (1), Крива Паланка (1) и Делчево (1). Починатите лица се на возраст од 50-88г, 6 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.

Слични содржини