12 совети за рамен стомак

од Vladimir Zorba

Наближува летото и доаѓа времето во кое ќе размислите за затегнување на стомакот. Вишокот на масти кои сте ги стекнале во текот на зимата, и досадните „спојлери“, можат да се неутрализираат со некои вежби и важни секојдневни навики. Кои се тие?
Кардио
За да го стегнете стомакот правете кардио вежби секој ден. Трчање, аеробик, скокање од место – сите тие влијаат на стомачните мускули. Не мислете дека само стомачните вежби се начинот да го стегнете стомакот.

Прошетки
Шетајте енергично секој ден. Ова помага за затегнување на стомачната мускулатура.

Зголемете ги влакната
Влакната во исхраната помагаат за согорување на масти и стимулирање на варењето, како и забрзување на метаболизмот.

Правете Планк
Вежбањето Планк е многу корисно за затегнување на стомачните мускули, како и другите мускулни групи во целото тело.

Пуштајте правосмукалка почесто
Чистењето со правосмукалка и крпа за под претставува оптоварување за стомачните мускули. Следниот пат кога ќе ви смрзи да чистите, сетете се за овој факт и  фаќајте се на работа.

Намалете ја солта
Солта во храната предизвикува задржување на водата и надуеност. За рамен стомак придржувајте се кон несолена диета.

Јадете авокадо
Авокадото е преполно со корисни масти кои ги намалуваат масните наслаги околу половината и помагаат за постигнување на рамен стомак за неколку недели.


Исклучете газирано
Газираните пијалоци се непријател број еден на рамниот стомак. Затоа треба да ги отстраните од исхраната, не само да ги намалите.

Избегнувајте алкохол
Алкохолот е калоричен, следствено контраиндикаторен за убава фигура.

Правете вежби кои имитираат веслање
Ако немате можност да се занимавате со вистинско веслање, во фитнес салата фокусирајте се на симулатор за веслање. Овие вежби помагаат неверојатно многу за затегнување на стомакот.

Јадете риба
Рибата содржи корисни масти. Јадете риба барем 2 пати неделно. Најкорисен против стомачни масти се лососот, туната, белата риба, пастрмка.

Хидрирајте се
Добрата хидратација помага како за редукција на тежината, така и за рамен стомак.

Слични содржини