120 случаи на голема кашлица во Скопје од почетокот на годинава

од Nikola Popovski

Од почетокот на годината, заклучно со петок, 1 март, вкупно 120 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, соопштија денеска од Центарот за јавно здравје.

На Универзитетска Клиника за детски болести моментно има само едно дете со голема кашлица – доенче од Куманово, во петокот, а неговата здравствена состојба е стабилна, потврдила професор д-р. Светлана Кочева од Клиниката.

Од Комисијата за заразни болести потврдија дека ќе има состанок утре од 12 часот, а ќе се расправа за состојбите во државата, па меѓу темите се и големата кашлица и грипот.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за големата кашлица, се наведува дека согласно препораките од Комисијата за заразни болести и Институтот, во периодот од 18 јануари досега, сите вакциналните пунктови во земјата, во соработка со епидемиолошките служби од ЦЈЗ, вршат интензна проверка на неевидентирани, невакцинирани и некомплетно вакцинирани лица, како и на лицата кои подлежат на редовна вакцинација, со цел нивно повикување и вакцинирање согласно националниот Календар за имунизација.

Слични содржини