13 работи кои созреаните мажи никогаш не ги прават

од desk2
256 прегледи

Се чини дека општеството како целина заборава некои основни вредности и како последица на тоа сѐ повеќе луѓе стануваат несозреани возрасни личности.

Како да не се прави разлика меѓу машкост и егоцентрично шовинистичко однесување, што е многу тажна појава.

Се оди до таму што се вика дека 30-тите се новите 20-ти, па возрасни мажи се однесуваат како привилегирани разгалени детишта. Но, потребно е да се вратат нештата во вистински правец и да се препознаваат вистинските вредности, а да се укажува на незрело и несоодветно однесување пред да стане тоа нормата.

Еден вистински созреан возрасен маж е самоуверена и изградена личност, човек од доверба, внимателен партнер и грижлив заштитник, човек кој знае како да се соочи со проблемите и да понуди помош, кој знае да сослуша и да се искаже, пријател и колеа на кој можете да се потпрете.

Ова се 13 работи кои еден созреан маж никогаш не би ги направил:

1. Не дозволува стравот да го спречи во остварувањето на неговите соништа и да биде среќен

2. Не прави некои работи само за да им удоволи на другите

3. Не прави идеализирана слика за „совршената жена“ во главата

4. Не дозволува туѓите постапки и зборови да влијаат врз неговите одлуки

5. Не е злопамтило

6. Не чувствува несигурност за тоа како изгледа и како другите го гледаат

7. Не се дистанцира од семејството

8. Не дозволува никој да го искористува

9. Не се жали и не паѓа во очај кога е соочен со проблем или предизвик

10. Не гледаат на работата како нешто здодевно или нешто што мора да го прави или трпи

11. Не се плаши да преземе одговорност, иницијативност или да донесе тешка одлука

12. Не поставува нереални цели во животот

13. Не дозволува егото да му надвладее или да постапи импулсивно.

Слични содржини