13 загинати а осумина се борат за живот во автобуската несреќа кај Карпалак (Видео+Фото)

од desk4

 

Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест  подлегнале на повредите во болница во тешката сообраќајка што се случи на патот  Скопје-Тетово кај Карпалак соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.Осумина се во тешка состојба.

Како што изјави Филипче кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените.

-Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани , 4 се на интензивна нега , двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во ургентниот центар се примени пет пациенти , тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба, истакна Филипче од Градската општа болница 8 Септември

Во старата градска болница во Скопје, како што рече тој, е хоспитализирано едно лице.

 

Aksidenti i autobusit "Durmo Tours", ka shumë të lenduar dhe disa viktima Ngushëllime familjarëve

Публикувахте от Tv Koha – Tetovë в Сряда, 13 февруари 2019 г.

 

 

МИА фото

Слични содржини