Знаете дека постојат работи со кои не можеш да спориш. Со жена, со радио, со ѕид. Покрај тоа знаете дека не се моча против ветрот. Постојат непишани закони, кои неизбежно ги следиме во животот. Едни од нив се законите на Марфи. Ние и да не ги почитуваме тие нас си не почитуваат и не потопуваат изненадувачки. Сега ќе ви презентираме 13 неспорни закони на Марфи, кои се случувале и ќе продолжуваат да се случуваат.

1. Закон на механиката: Во моментот, во кој си ги измачкаш и двете раце со машинско масло, носот тие зачешува ѕверски и освен тоа ти потекува
2. Закон на гравитација: Секој инструмент, кајсија, орев, паѓа на земјата, се запира на можно најденостапното место во собата.
3. Закон на веројатноста: Веројатноста некој да те гледа е правопропорционален на глупоста, која ја правиш.
4. Закон на случаен број: Ако одбирате погрешен број, никогаш нема да дава зафатено и некој секогаш ќе ви дигне.
5. Закон на алибито: Ако кажеш на шефот дека си задоцнил, бидејќи ти се дупнала гума, следното утро ќе ти се дупне гумата.
6. Закон на промената: Ако ја смениш лентата по која се движиш, онаа во која си бил пред тоа, ќе почне да се движи побрзо од онаа во која возиш во моментот.
7. Закон на бањата: Кога едно тело е целосно потопено во вода, телефонот заѕвонува.
8. Закон на блиските средби: Веројатноста да сретнеш некој познаник се зголемува драматично, кога со некого не сакаш да бидеш виден.
9. Закон на доказот: Кога се обидуваш да покажеш на некого дека дефинитивно нешто не функционира, тогаш проработва (ова важи со полна сила во случаите во кои службениот компјутер се расипува, доаѓа омилениот IT специјалист и точно во тој момент проработува како добро подмачкана машина).
10. Закон на биомеханикита: Колку повеќе те чеша, толку потешко се достигнува до местото.
11. Закон на театарот и стадионот: Луѓето чии места се во најдалеку во редот, секогаш пристигнуваат во последен момент, имаат потреба да излегуваат по неколку пати во текот на претставата / филмот / натпреварот, за да си земаат храна, пиво или да одат во тоалет и си заминуваат пред настанот да заврши. Луѓето чии места се во самиот почеток на редот, секогаш доаѓаат први, никогаш не стануваат да купуваат нешта имаат нозе како на Питер Крауч или огромни чкембиња и стојат до самиот крај на настанот дека . Овие луѓе се вечно во лошо расположение.
12. Закон на кафето: Во моментот, во кој си направиш кафе, шефот ќе те замоли да свршиш нешто за што ќе ти е потребно време точно колку кафето да се излади.
Закон на соблекувалната: Ако само двајца луѓе ја користат соблекувалната, шкафчињата задолжително им се соседни.