16 возила на зимската служба го расчистуваат снегот во Скопје

од Берта Китинска

Од Град Скопје информираат дека 16 возила на градската зимска служба ги расчистуваат градските сообраќајници.

-Екипите на зимската служба на Град Скопје цела вечер работеа на терен и интервенираа на сите булевари и улици кои се во надлежност на Град Скопје. На терен се интервенираше со сите 16 возила на градската зимска служба. Ги известуваме граѓаните дека градските автобуси на ЈСП сообраќат на сите линии и сообраќајот се одвива нормално и без никаков прекин. Во текот на денешниот ден екипите на зимската служба ќе продолжат да работат на терен а истовремено ќе ја следат состојбата и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот. Им препорачуваме на сите возачи да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, соопштија од Град Скопје.

Слични содржини