Последниот ковид-пресек во земјава регистрира 14 починати лица. Според податоците на Министерството за здравство, 3 починати лица се од Скопје (68г, 84г и 84г), по 2 починати лица од Куманово (66г и 70г) и Битола (77г и 79г) и по едно починато лице од Тетово (69г), Велес (89г), Кавадарци (79г), Крива Паланка (76г), Пехчево (93г), Ресен (76г) и Демир Хисар (82г).

Од пријавените 13 лица се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Македонска Каменица (2), Битола (1) и Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 75-89г, сите лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289.

Слични содржини