180 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

од Nikola Popovski

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои 37 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за возење без возачка дозвола, 13 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Слични содржини