2 Маврово, Кр. Паланка 4 Крушево, Берово, 4 Скопје 5 Тетово,Куманово…

од Vladimir Zorba
106 прегледи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

2 Маврово, Кр. Паланка, 3 Лазарополе, 4 Крушево, Берово, Пожаране,  4 Скопје-Петровец, 5 Тетово, Претор, Куманово, Виница, Ѓуриште, 6 Скопје-З.Рид, Охрид, Штип, Дојран, Тополчани,  Дебар, Битола, Струмица, Прилеп, 7 Гевгелија, Д. Капија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.

1 Маврово, 2 Дојран.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во поголем дел од земјава е облачно, освен во североисточниот дел  каде е умерено облачно.  Во Гевгелија и Струмица има ретка магла

 

ВРЕМЕТО  ДЕНЕС

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје, во раните претпладневни часови ќе биде претежно облачно ,а во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе се задржи стабилно, сончево со умерена облачност и потопло време. Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дув умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Потоа до крајот на неделата се очекува стабилно и потопло врене.