ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).
2 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-2 Маврово, Лазарополе, Берово, 0 Крушево, Кр. Паланка, 1 Битола, Охрид, Претор, 2 Скопје Петровец, Прилеп, Пожаране, Ѓуриште, 3 Тополчани, Тетово, 4 Скопје, Штип, Д. Капија, Струмица, Виница, Куманово, 7 Дојран, 8 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.
1 Маврово, Пожаране, Тетово, 3 Д. Капија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта облачноста се зголеми и преовладуваше облачно време со повремено засилен северен ветер. Од раните утрински часови има и локални врнежи од дожд, на планините локален снег, претежно со слаб интензитет. Помалку облачност има во југоисточните делови.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претпладне променливо облачно со слаб локален дожд, а на некои планини со слаб снег. Попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.
Скопје
Претпладне променливо облачно со слаб дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре и во сабота ќе биде сончево со умерена облачност, а на места утринските температури ќе се спуштат под нула (-4 до 5 степени). Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен, а во сабота во западните делови засилен југозападен ветер. Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната недела.