20 најелегантни градови во светот

од desk2
93 прегледи

Париз е прогласен за најелегантен град во светот.


Француската престолнина се најде на врвот на листата од 100 градови во кои најмногу се негува културата и модата, а кои се бирани врз основа на архитектонските убавини, но и бројни други фактори, како чистота, културни содржини и слично.

Со исклучок на Њујорк, сите останати градови на Топ 10 листата се наоѓаат во Европа, а Италија има дури четири.

Листата ја состави модниот сајт Zalando, во чие образложение стои дека во одбирањето најелегантни градови во предвид ги ималени нивните жители и единствената архитектура.

Ова е листата на 20 најелегантни градови во светот.
1. Париз, Франција
2. Лондон, Велика Британија
3. Виена, Австрија
4. Венеција, Италија
5. Фиренца, Италија
6. Барселона, Шпанија
7. Њујорк, САД
8. Бордо, Франција
9. Милано, Италија
10. Рим, Италија
11. Осло, Норвешка
12. Амстердам, Холандија
13. Лос Анџелес, САД
14. Хелсинки, Финска
15. Минхен, Германија
16. Копенхаген, Данска
17. Сан Франциско, САД
18. Мадрид, Шпанија
19. Токио, Јапонија
20. Хамбург, Германија