22 лица починаа од корона, меѓу кои 18 имале коморбидитети

од Nikola Popovski

Според последниот ковид-пресек, во земјава се регистрирани 14 смртни случаи од Ковид-19.

Тројца од починатите лица се од Скопје (68г, 83г и 84г), 2 починати од Охрид (80г и 84г) и по едно починато лице од Битола (90г), Делчево (80г), Демир Капија (87г), Кавадарци (70г), Кратово (58г), Крива Паланка (73г), Неготино (79г), Прилеп (69г) и Радовиш (63г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се осум починати лица, од Скопје (3) и по едно починато лице од Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и Тетово на возраст од 54г до 80г. Пријавените се починати во период од 12.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а пет лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=22), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Слични содржини