25-годишник фатен дома со три кеси марихуана

од Nikola Popovski
162 прегледи

На 16.11.2023 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Б.А.(25) од Скопје.

При претресот пронајдени се три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу еден ипол килограм.

Б.А. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Слични содржини