26 лица ја изгубија битката со коронавирусот, меѓу нив и 36-годишен скопјанец

од Nikola Popovski

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се пријавени вкупно 26 починати лица од коронавирус.

Билансот по градови е: 8 од Скопје (36г,56г,63г,64г,71г,76г,78г, 84г,), 3 лица од Битола (41г,65г и 82г), по 2 починати лица од Тетово (63г и 73г), Струмица (62г и 68г) и Кочани (61г и 80г) и по 1 починато лице од Куманово (63г), Велес (65г), Гостивар (73г) ,Охрид (71г), Штип (56г), Кичево (40 г), Гевгелија (68г), Дебар (64г) и Виница(60г). Од пријавените, 25 лица се починати во болнички, а еден пациент е починат во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 743.378 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.222, бројката на оздравени пациенти е 138.779, на починати е 5.135, а бројот на активни случаи изнесува 10.308.

Слични содржини