-3 Берово, -2 Маврово, Скопје -1 Струмица, Битола, 0 Кр. Паланка, Тетово…

од Vladimir Zorba
128 прегледи

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-3 Берово, -2 Маврово, Скопје Петровец, -1 Струмица, Битола, 0 Кр. Паланка, Тетово, Прилеп, Лазарополе, 1 Д. Капија, Претор, Скопје-З.Рид, Гевгелија, Куманово, 2 Дебар, Штип, Крушево, Охрид, 4 Ѓуриште, Виница, Тополчани, 5 Пожаране, 6 Дојран.

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и претежно тивко време. На повисоките места започна да дува слаб до умерен јужен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и топло, попладне во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

 

СКОПЈЕ

Сончево, попладне со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе има и услови за ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови и ќе се формира нова снежна покривка. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови, особено во среда. Вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 л/м2, а локално и над 40 л/м2. Дневната температура ќе биде во опаѓање.