ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).
1 Маврово.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-3 Лазарополе, Маврово, -2 Охрид, Крушево, Ѓуриште, -1 Дебар, Претор, Берово, 0 Тополчани, Пожаране, Кр. Паланка, Битола, Куманово, 1 Прилеп, 2 Виница, Тетово, 3 Скопје Петровец, 4 Штип, Скопје, 5 Д. Капија, Струмица, 6 Дојран, 8 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Кр. Паланка.
ВРЕМЕТО УТРИНАВА
Променливо облачно, а на северот со повеќе сонце. Дува повремено засилен северен ветер особено вдолж Повардарието, но и во Струмиќко и во делови од Пелагонија. Во Кр. Паланка има појава на слаб снег кој несе задржува на тлото, а во Маврово од вчерашните врнежи од снег денес има снежна покривка од 1 см.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Наутро променливо облачно, во текот на денот сончево, ветровито и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде ќе достигнува брзина и од 80 км/час. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 10° С.
Во Скопје преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и повремено засилен претежно северен ветер. Температурата до 6° С.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Денес ќе продолжи да дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе достигнува брзина од 80 км/час. Дневната температура значително ќе опадне. Потоа во наредните денови следува стабилно и студено време, а особено студено ќе биде во среда наутро. Во деновите потоа утринските температури ќе бидат слични на вчерашното утро.