3 пијалаци за заштита од УВ зраците во текот на летото

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Во лето сонцето е многу силно и ризикот од изгореници на кожата, оштетување и рак се зголемува драстично. Употребата на крем за сончање е задолжителна кога се изложуваме на сонце подолго време.f945350d49602b9c8669d20f96f09f58

Но, има и некои пијалоци кои имаат докажано заштитно својство. Кои се тие?

Зелен чај3fcaf55b660874bba57971b88614a2f6

Зелениот чај има многу корисни својства во различни здравствени аспекти. Може да не ви се верува, но тој заштитува и од штетните UV-зраци.

Истражување објавено во The Journal of Nutrition констатира дека жените кои пијат по 4 чаши зелен чај на ден во тек на 12 недели имаат до 25% помал ризик од рак на кожата, пишува eatingwell.com.

Покрај тоа, зелениот чај тера кожата да изгледа помлада и посвежа поради присуството на антиоксиданси во него. Тоа се солидни причини да пиете од корисниот пијалок почесто, особено во лето.

Кафе
b9424bfa34ca3d9f5c98df813ab8ef69
Кафето во големи количини има спротивен ефект, но сепак е важно да се знае дека тоа има својства кои ја штитат кожата од штетните сончеви зраци.

Друго истражување од 2011 година, спроведено во Harvard Medical School утврдува декалуѓето кои редовно пијат кафе имаат помал ризик од развој на базалните-клеточен карцином. Овој вид на рак е еден од најчестите видови на рак на кожата и е силно прогресивен и смртоносен.

Луѓето кои пијат по 2-3 шолји кафе на ден имаат до 20% помал ризик од развој на овој вид рак.

Црвено вино4d54cf755cd18b9f17e1511ba8d47fde

Црвеното вино е корисно за кардиоваскуларниот систем. Тоа помага за намалување на холестеролот, а антиоксидансите во него се борат со малигните процеси во организмот.

Црвеното вино е корисно и во заштитата од ултравиолетовите зраци. Антиоксидантите во него придонесуваат и во борбата со оксидирачки процеси во клетките на кожата, забрзувањето на развојот на туморските клетки.

Во прилог појавата на брчки и фини линии се намалува. Кожата изгледа помлада и посвежа.

Важно е да се напомене дека не треба да се потпирате само на пијалаци за заштита од сонцето. Задолжително е да се користат редовно и кремови за сончање. Пијалаците се само дополнување во грижата за кожата.