30 дена притвор за монструмот од Кочани кој со кујнски нож усмрти жена

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена.

Според првичните сознанија, причина за нападот и изнуда на пари со компромитирачки снимки, за кои напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно.

Жената неколку пати заканите ги пријавувала во полиција и во јавното обвинителство. Таа претходно била во љубовна врска со убиецот.

Според законските одредби уцената се смета за сериозно кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години.

Слични содржини