30-дневен притвор Чавков и уште за четири лица, двајца во домашен притвор

од Vladimir Zorba
162 прегледи

ЗА пратениците денеска ке се бара симнување на имунитеот, и за нив е одреден притвор.   Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на спроведените лица во судот во однос на предлогот на обвинителството, донесе решенија со кои за О.П., О.Р., И.Д., М.П. и М.Ч. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Основниот суд Скопје 1.

За лицата Е.Б. и С.М., судијата не го прифати предлогот за определување мерка притвор, а како мерка за обезбедување присуство им определи мерка куќен притвор.

Притвор, според сегашните информации определен е и за уште полицаецот Митко Чавков  и за Игор Дурловски кој ги водеше протрестатите  и за  најмалку 5 луѓе кои се  сослушани, меѓу нив вработените од Агенција за разузнавање кои ги одзеле снимките од безбедносните камери ..

Во меѓувреме, судот го прифати предлогот за притвор на 6 пратеници и побара од Собранието да им го симне имунитетот. Денеска се очекува да заседава Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

Притвор се бара за пратениците. Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Жаклина Стефановска, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски…Доцна синоќа, откако заврши распитот, пратеникот Крсто Мукоски го напушти судот.  

За упадот во Собранието бчера беа осомничени 36 лица по барање на ОЈО за гонење организиран криминал, со тоа што 9 се уште се недостапни а другите беа изнесени пред судија на претходна постапка.

Предметот го работат двајца судии од претходна постапка: Весна Димишкова и Ненад Савески.

Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност во МВР и двајца негови помошници, за јавен ред и мир и за специјални единици се  уапсени затоа што два часа не ѝ давале наредба на полицијата да интервенира вечерта на 27 април.

Игор Дурловски кој заедно со Борис Дамовски, Богдан Илиевски и Владо Јовановски беа водачите на протестите „За заедничка Македонија“, се товарат дека го предводеле упадот на толпата во Собранието

За делото за коешто се сомничат приведените е предвидена казна затвор од најмалку десет години.

За останатите лица, за кои се уште не е завршено сослушувањето, по донесено решение на судија на претходна постапка во однос на предлогот на обвинителството, јавноста ќе биде информирана денеска  преку соопштение на веб-страницата на судот со целосна информација за донесените решенија, се додава во соопштението.

Слични содржини